Спремен сум денеска да се сретнам со опозицијата овде во Министерството, во нивното седиште, во Собранието, но ниту со нашата опозиција, ниту со бугарската, ниту со други политичари, немам намера да влезам во јавен политички дискурс или дебата кои може да бидат искористени за дневно политички прашања и може да му наштетат на овој витален процес, особено сега кога тој е во завршница, изјави денеска минстерот за надворешни работи Бујар Османи одговарајќи на новинарско прашање зошто не се одѕвал на поканата да присуствува на денешната седница на собраниската Комисија за надворешни работи.
Додаде дека досега не бил контактиран за средба со опозицијата, туку само добил покана за учество на работата на собраниската Комисијата, истакнувајќи при тоа дека е подготвен да биде мост меѓу политчките партии, бидејќи, како што рече, внатрешната политчка кохезија е услов за успех на евроиинтеграцијата на земјата,
– Немам никаква предрасуда кон било кого. Подготвен сум да разговарам во било кој формат за сите прашања од државен интерес, но тоа да не биде дел од една драма и хистерија во интерес на политичките партии, потенцира Османи.