Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска на прес-конференција го коментираше одбивањето на словенечкиот предлог од страна на германската канцеларка Ангела Меркел. Словенија даде рок за земјите од Западен Балкан да влезат во ЕУ до 2030 година.
-Во 2018 година, Европската комисија на чело со Јункер излезе со рамка за 2025, како година во која би можеле членки на Унијата да станат Србија и Црна Гора. Тоа беше добро тогаш затоа што беше првпат после 2004, кога се даде рок за Бугарија и Романија до 2007 и после тоа ЕУ сметаше дека таквиот рок ги притиска за примање на нови членки, па се откажа до давање датуми. Очигледно е дека 2025 година е нереално за било која земја од Западен Балкан. Смета дека ова спомнување на датуми, без да има суштински процес кој гарантира предвидливост, не ни помага во регионот. Нас ни помага одржување на кредибилитетот на процесот и тој се потпира на нашето досегашно досие, изјави Османи пред новинарите.