Декретот на Џо Бајден е важен настан за самиот регион. Основната порака е нема враќање назад, регионот оди напред, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со извршната наредба на претседателот на САД, која опфаќа и замрзнување на имотот и забрана за влез во САД на лица кои работат против Договорот од Преспа и Охридскиот рамковен договор и нивното спроведување и ги поткопуваат мирот и регионалната соработка
-Со наведените договори се става црта на сегашната состојба на Балканот со тоа продолжуваме напред. Оваа одлука сметам дека е донесена бидејќи земјите од регионот започнаа со ретроградни политики и со овој декрет се става брана за да не се навраќаме во минатото. Мислам дека ќе влијае позитивно на сите општествени процеси. Изворот на проблемите на Балканот е тоа што со едно око гледаме во минатото, а со друго кон иднината, вели Османи во Утрински брифинг.