„Стана пракса на роденденот на ДУИ, секогаш да се објавува нов концепт, ново поглавје нов пристап“, вака министерот за надворешни работи, Бујар Османи ги коментираше за веста што лидерот на ДУИ, Али Ахмети ќе ја соопшти во сабота.
Османи потенцира дека многу добра вест би била да се реши спорот со Бугарија, но засега такво нешто не може да потврди.
„Во сабота ќе биде објавен важен концепт“, посочи Османи за емисијата „24 анализа“.
На што точно мисли лидерот, од Мала Речица не откриваат. Медиумите веќе на големо шпекулираат дека станува збор за платформа која треба да седне етнички Албанец во градоначалничката фотелја во градскиот парк во Скопје.
Премиерот Зоран Заев денес изјави дека во сабота ќе биде објавена убава вест од претседателот на ДУИ.