Османи за клубот „Ванчо Михајлов“: Нема поголема реакција од тоа што не го пречекавме Петков

од Nikola Popovski
206 прегледи

Македонскиот шеф на дипломатијата Бујар Османи вечерва зборуваше за последните случувања на релација Скопје-Софија.

-Од дрвјата не ја гледаме шумата. Спорот е од првиот ден на независноста и тој се провлекуваше во разни форми, но тоа е долг спор. Не е нова ситуација, нов момент. Ова е наталожено со генерации. За очекување е дека нема да биде лесно и дека ќе биде болен процес. Мора да се надмине ова прашање, затоа што ја држи европската иднина на целиот регион, не само нашата иднина, рече Османи во емисијата „Клик плус“.

За министерот, доаѓањето на власт на бугарскиот премиер Кирил Петков е промена на фокусот на двете влади.

-Наместо на историјата, да се фокусираме на иднината, да ја вратиме довербата. Нашиот пристап беше доколку ја вратиме довербата, подобро ќе ги решиме чувствителните прашања. Се случуваат инциденти, како тоа што се случи во Битола. Ние преку нота од бугарската амбасада дознавме дека ќе дојдат тие и тие во Битола и се разбиравме дека ги информиравме дека ова не е добра порака и не е во линија на тоа што го правиме. Со премиерот Петков имавме комуникација и прашање беше дали ќе се вклучи во настанот. Ние ги направивме сите анализи во МНР, што ќе биде опција еден, причините и последиците и донесовме одлука дека не треба да спречиме посета на државна делегација во тој клуб. Сакаме да се поттикне да се интегрира бугарската заедница во земјава, да не одат за секоја поплака во Софија, туку да зборуваме овде, но името на клубот беше провокација. Скопје е нивната адреса. Ќе ја почитуваме бугарската заедница и нема да бидеме поколебани, кажа Османи.

Според него, нема посилна реакција од тоа што членови на владата не го пречекале бугарскиот премиер при доаѓањето во клубот „Ванчо Михајлов“.

-Затоа решив да ги сретнам во делот на МЕПСО кај Битола.

Слични содржини