Османи за културниот центар: Во центарот има голема табла со цитат за македонскиот народ, тоа е голема навреда за нашите граѓани

од Берта Китинска
305 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска во интервју за бугарска БТВ одговори на прашањето зошто го смета за провокација отворањето на културниот центар во Битола „Ванчо Михајлов“.

Османи вели дека кога ќе се влезе во центарот, на главниот влез имало голема табла со цитат од Ванчо Михајлов на која пишувало „Залудни се напорите на таканаречениот македонски народ да го лаже светот“.

„Ова е голема навреда за нашите граѓани, ова е голема навреда за луѓето што ги застапувам. Ова кај нас се смета за провокација. Не верувам дека бугарските власти дојдоа поради оваа порака на Михаилов, која беше поставена на влезот од клубот. Но вака се толкуваа сите овие пораки што ги налутија граѓаните. И наша должност е да ги разјасниме овие прашања, отворено да си кажеме што е она што не провоцира, што не лути, за да можеме во отворен дијалог да ја создадеме нашата заедничка иднина“, порача Османи.