Османи за палењето на „Ванчо Михајлов“: Не може кривично дело да биде оправдување за емоција

од Nikola Popovski
281 прегледи

Треба добро да се анализира тоа дали е акт на еден човек или акт поттикнат од некој центар, бидејќи не сметам дека е случајно избран тој ден. Не можам да кажам дали е член на некоја конструктура, има судски процес, но луѓето можат да бидат злоупотребени и нивните емоции во вакви случаи, вели македонскиот шеф на дипломатијата, Бујар Османи за палењето на влезната врата на бугарскиот клуб „Ванчо Михајлов“, за што е осомничен пејачот Ламбе Алабаковски.

Османи потенцира дека „никој не знаеше дека Генчовска ќе доаѓа во Македонија во саботата“.

-Мислам дека е тешко баш коинциденција во истиот ден. Не би се осудил да направам оценка лично за извршителот. Не може кривично дело да биде оправдување за било која емоција што ја имаат луѓето. Треба да се испита контекстот, додаде Османи во гостувањето на емисијата „Само интервју“.

Слични содржини