Немам информација дека некој активно бојкотира или дава отпор за пописот, но оваа фаза најважно е да стигне информацијата до сите граѓани во дијаспората, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, одговарајќи на прашањето зошто има толку слаб одзив во Канада и Австралија.
Тој наведе дека при регистрирањето, овие граѓани ќе треба да дадат податоци и за имотот и последната адреса од која што заминале од земјава.
Османи вели дека сè уште е рано и не сака да констатира дали ваквите бројки значат силен или слаб интерес. Остануваат уште 35 дена за иселените граѓани сами да може да се попишат, како и периодот од 1 до 21 април во кој ќе се спроведува пописот во земјава и граѓаните кои се тука, ќе можат да ги попишат и иселените доколу го имаат нивниот матичен број. Според него, веројатно и дистанцата и степенот на информираност го прават своето.
– Активно работиме на промоција и дисеминација на овој процес, рече Османи, нагласувајќи дека работната група на МНР е во постојано заседавање и ја следи работата на ДКП и телефонските линии се постојано отворени и се користат активно.
– Нашите амбасади и конзуларни претставништва интензивно работат со здруженијата на граѓани, асоцијации и верски здруженија. Целата мрежа е ставена во фокусот на овој процес, како нивни прв приоритет, изјави Османи.
Во рамки на своите дипломатски активности, Османи, посочи дека утре заминува за Швајцарија и потоа во Мадрид, каде ќе има средби и со дијаспората.