Османи за референдумот: Ако прашањето не биде „дали сте против ЕУ со македонски јазик во него“ – не знам што друго би било

од Берта Китинска
191 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи не гледа причина за референдум во врска со преговарачката рамк.

„Освен референдумското прашање не биде дали сте против ЕУ со македонски јазик во него – не знам за што би имало друго референдум, бидејќи сите прашања коишто за нас се важни се обезбедени со овој договор. Јазикот е чист, историските прашања не се одредници за отворање и затворање поглавја и имаме почеток на преговори. Единствено логично прашање на тој референдум би било ‘Дали сте за стопирање на европскиот пат на Република Северна Македонија, притоа загрозувајќи го македонскиот јазик во ЕУ?“. Друга причина за референдум навистина не гледам“,кажа Османи.

Во одговор на прашањето дали би се почитувале резултатите од тој референдум, Османи кажа дека тоа го дефинира Уставот и законите.