Османи: За темата ЕУ да си подадеме рака и да ги поделиме одговорностите

од Nikola Popovski
141 прегледи

Шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи смета дека во моментов е потребна поголема соработка меѓу политичките партии, а лидерите да се сретнат и да си подадат рака.

-Темата ЕУ да не биде дневно политичко прашање, а одговорноста и заслугите да бидат заеднички, вели Османи по панелот „На европскиот пат: Нови реформи, нови можности!”,

Тој порача дека за темата за ЕУ мора да си подадеме рака и да ја поделиме и одговорноста, но и заслугата утре.

-Никој да не може да се пофали дека направил нешто за ЕУ затоа што тоа ќе биде поделена заслуга. Опозицијата го води комитетот во Собранието, Владата во Влада, изјави Османи како одговор на прашањето како го коментира Извештајот на ЕК за напредокот на земјава.

Тој додаде дека највисоката оценка што сме ја добиле од Брисел била за усогласеноста во надворешната политика.

Слични содржини