За жал не се охрабрувачки вестите кои доаѓаат од Бугарија во делот на формирање на институции, бидејќи како што секогаш наглсаувам тоа се покажа како важен фактор во изнаоѓање решение за надминување на разликите,рече министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на денешната прес-конференција.
-Ние бевме во очекување дека ќе има институции со кои ќе комуницраме за изнаоѓање решенија, но независно од тоа комуникацијата меѓу двете министерства продолжија како и во изминатиов период . Потребно е формирање на политичка влада во Бугарија. Ние продолжуваме со реформите, кажа Османи.