Премиерот Заев преговараше со Aлтернатива во име на целата коалиција, вели министерот за надворешни работи Бујар Османи во врска со тоа дали ДУИ се согласува со делот од власта кој и припадна на Алтернатива.
-Ние бевме целосно информирани и координирани за раговорите кои ги водеше Заев со политичките партии – кажа Османи.
Парламентарно мнозинство од 64 пратеници и нов состав на Владата во која Алтернатива ќе има тројца министри и тројца заменици-министри тоа е постигнато со договорот оваа партија да биде дел од владејачката коалиција. Лидерот Африм Гаши вчера потпиша програма за заедничко дејствување и приклучување во Владата со претседателот на СДСМ и премиер Зоран Заев, кој најави дека заминува од двете функции.