Османи: Зајакнувањето на улогата на жената во надворешната политика е особено значајно за просперитот на државите

од Берта Китинска
145 прегледи

Денес имав чест да ја отворам првата конференција “Жени во надворешна политика”, организирана од Министерството за надворешни работи, на иницијатива на заменик Министерката за надворешни работи, Фатмире Исаки, а под покровителство на Првата дама, г-ѓа Елизабета Ѓоргиевска, кажа Шефот на дипломатијата Бујар Османи, во обраќањето на конференцијата на “Жени во надворешна политика”.

-Зајакнувањето на улогата на жената во надворешната политика, како и обезбедување на поголема застапеност на жените во донесување одлуки е особено значајно за просперитот и демократскиот развој на државите;Министерството за надворешни работи е активно на полето на обезбедување родова еднаквост: заменик МНР е жена, Фатмире Исаки, околу 45% од вработените во Министерството се жени, назначени се 12 жени амбасадори во пријателски земји;Продолжуваме со заложбите за надминување на родовите нееднаквости во насока на обезбедување еднакви можности за жените и мажите во општеството, рече министерот.

Слични содржини