Османи: „Западен Балкан КВАД“ не го загрозува „Отворен Балкан“

од Nikola Popovski
168 прегледи

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порачал дека платформата „Западен Балкан КВАД“ претставува неформален, автентичен форум и „на никаков начин не поврзува или загрозува било каква регионална иницијатива, особено не Отворен Балкан или Берлинскиот процес“.

-Станува збор за унапредување на целосно усогласување на надворешната политика на четири земји (Северна Македонија, Албанија, Косово и Црна Гора) со заедничката надворешна и безбедносна политика на Европската Унија“, изјавил Османи за српска „Политика“.

Тој истакнал и дека „често го споменува фактот дека во регионот има повеќе од 70 регионални иницијативи и секоја има своја оправданост и тежина“.

Платформата е креирана од Османи, министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Олта Џачка, заменик министерот за надворешни работи и дијаспора на Косово, Крешник Ахмети и советникот за надворешна политика на црногорскиот премиер Ѓорѓе Радуловиќ.

Македонија оваа година претседава со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), а шефот на дипломатијата Османи е претседавач со ОБСЕ во 2023 година.

Слични содржини