Османи: Засилена дипломатска активност до јунскиот самит, ова е неповторлива шанса

од Nikola Popovski
226 прегледи

На денешната заедничка прес-конференција со неговиот унгарски колега Петер Сијарто, министерот Османи најави засилена дипломатска активност од следната недела за да се дојде до решение со Бугарија.

„Идентитетските прашања ниту биле дел од договорот за добрососедство од со Бугарија, ниту се сега. Јунскиот самит е неповторлива шанса за евроинтегративниот пат на Македонија и кредибилитетот на ЕУ“, нагласи Османи.

Во однос на евро-интегративниот пат на Македонија, Османи и Сијарто разменија мислења за внатрешните политички процеси поврзани со реформската агенда, но и за состаноците во Брисел каде на различни нивоа во Европската унија беше разгледувано европското досие на нашата земја. Министрите се согласија дека Северна Македонија е кредибилен партнер на Европската унијата и притоа многу често извршува улога и учествува како составен дел на системот и механизмите на Унијата.Во тој контекст, операционализација на веќе донесената одлука за почеток на преговорите, би требало да биде следниот логичен и симболичен чекор за валоризација на постигнувањата на државата.

Двајцата соговорници изразија задоволство од интензивирањето на билатералната соработка, беше постигната согласност за меѓусебно признавање на националните КОВИД-19 сертификати со цел овозможување на непречено транзитирање и влез на вакцинираните граѓани на двете земји, како важна мерка за нормализација на состојбите во една нова пост-пандемиска фаза. За време на посетата на Сијарто се потпиша и Договор за соработка во областа на културата заедно со министерката за култура, Ирена Стефоска.

 

Слични содржини