Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска истакна нашата земја е подготвена да излезе во пресрет и да им се помогне на цивилите од Авганистан, кои очајно го бараат спасот надвор од нивната земја.
-Ние понудивме да бидат сместени авганистански цивили кои се локален стаф на меѓународни агенции и тие ќе бидат прифатени во Република Северна Македонија, Статусот, ќе се реши со внатрешно правни механизми и меѓународното право водејќи се од хуманитарното право и таквите планови се прават во овој момент.Не можам да калкулирам со бројки, организацијата на ОН побара шест лица претежно жени и деца на вработени во Обединетите нации во Кабул да бидат прифатени во Република Северна Македонија и тие ќе бидат прифатени. Очекуваме да стигнат и како ќе се појават вакви барање од агенциите и организациите согалсно соработката со САД и НАТО ќе се направат проценки и ќе се прифатат во државата привремено додека не добијат сатус во државите, појасни министерот, рече Османи.