На Водно денеска ќе се одржи осмото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв 2020″.

Програмата на спортскиот настан вклучува трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг трка за компании. Настанот е во организација на Здружението за спорт и рекреација „Прв до врв” со поддршка на Градот Скопје и деловно-општествената заедница.
Организаторите информираат дека оваа година традиционалниот пикник и музичката програма нема да бидат дел од програмата поради задолжителните мерки за заштита на учесниците од Ковид-19.
Оттаму посочуваат дека настанот „Прв до врв” ќе се одржи според пропишаните протоколи од Министерството за здравство.