Најмалата малолетничка што имала абортус кај нас е осмоодделенка на 13-годишна возраст, што е еден поразителен факт за свеста за сексуалното и репродуктивното воспитување кај младите кое сè уште е на ниско ниво, беше истакнато на денешната панел-дискусија по повод Неделата на женското здравје, во организација на Македонската асоцијација на гинеколози и опстетричари (МАГО).
Во 2020 година 18 пациентки под 15 годишна возраст биле родилки. 4,9 проценти од вкупната бројка на породени се трудници кои што се малолетни, односно од 15 до 19 години, покажува истражувањето на МАГО.
Панелистите потенцираа дека едукацијата на младите за сексуалното воспитување е многу битно во натамошното намалување на сите болести од областа на гинекологијата. Посочија дека улогата на сексуалното образование во училиштата треба да биде еден од параметрите што ќе допринесе да тоа се подобри. Тие потенцираа дека мора да работат посветени сите чинители за да се подигне свеста и знаењето на населението за основните нивни права и услуги и превенцијата која што може да ја добијат.
Некаде 20 проценти од младите, мислат дека кондомот штити од несакана бременост, а не штити од сексуално преносливи инфекции и обратно 20 проценти од младите мислат дека ако пијат орална контрацепција тоа ќе ги заштити од сексуално преносливи болести што апсолутно не е точно, посочуваат од МАГО.
Оваа недела е посветена на женското здравје На конфернцијата беа поканети претставници од сите институции објаснувајќи колку се важни овие прегледи на терен, за една идна стратегија како да се направи подобра едукација и достапност за навремни прегледи за сите жени.