Основачката на „Анима мунди“ стана директорка на ЈП „Лајка“

од Nikola Popovski
402 прегледи

Основачката и потпретседателка на организацијата „Анима Мунди“, Радмила Пешева од денеска е назначена за в.д. директорка на ЈП „Лајка“.

-Радмила Пешева е носечки активист за правата на животните од нашето основање во 2009 година, борец кој не се откажува, сопственик/вдомувач на повеќе животни, сите стерилизирани, спасени од улица. Знае дека животните се свесни, интелигентни, чувствителни живи битија, а не комунален смет кој грубо треба да се отстрани; третманот на бездомните животни беше и остана нашата примарна борба, соопштија од „Анима Мунди“, додавајќи дека Пешева е веганка и долгогодишна активистка за правата на животните.

Според организацијата, ова е прв пат да се назначи активист за директор на јавно претпријатие кое е директно одговорно за хуман третман на бездомни кучиња и воспоставување на систем за контрола на нивната популацијата. Од таму ѝ се заблагодарија на довербата на градоначалничката Данела Арсовска.

Покрај „Лајка“, денеска беа назначени и директори на преостанатите празни раководни места во јавните скопски претпријатија. Со ЈП Улици и патишта, ќе раководи Саид Саид. На в.д директорската позиција во ЈП Паркинг назначен е Крсте Петревски, во ЈП Паркови и зеленила Реџепи Зухејр, додека со ЈП Дрисла назначен е Александар Кузинаков.

Во ЈП Комунална Хигиена продолжуваат со раководство Косана Мазнева, ЈСП Александар Стојковски и ЈП Водовод Марјан Митевски.

Слични содржини