Основачката на „Теранос“ мора во затвор, на жртвите треба да им плати 452 милиони долари

од Stefanija Kuzmanovska
282 прегледи

Основачката на компанијата „Теранос“ Елизабет Холмс ќе мора да започне со издржување затворска казна, бидејќи судот во Сан Франциско ја одби нејзината жалба да остане на слобода додека трае судскиот спор.

Покрај тоа, ѝ беше наредено да плати 452 милиони долари на жртвите на нејзината измама, пишува „Гардијан“.

Судијата препорача Холмс да ја отслужи казната во женскиот затвор во Брајан, Тексас, но не беше кажано дали предлогот е прифатен или дали Холмс ќе биде испратена во друга установа.

Холмс во јануари оваа година беше осудена по три точки за измама и едно обвинение за заговор, откако беше откриено дека ги измамила инвеститорите со лажно тврдење дека технологијата за тестирање на крвта на нејзината компанија може да дијагностицира болести со само неколку капки крв, пренесе „Танјуг“.

Слични содржини