Основачот на Huawei: Ќе протестирам ако Кина наметне санкции на Apple

од Vladimir Zorba
96 прегледи

Основачот и извршен директор на Huawei Technologies, Рен Женгфеи изјави за „Блумберг“ дека контрамерките од страна на Пекинг во однос на американскиот технолошки гигант Apple inc. се малку веројатни и дека тој ќе се спротивстави на евентуален ваков потег на Пекинг спрема производителот на iPhone.

Запрашан за некои повици во Кина за соодветни репресивни мерки против Apple, Рен Женгфеи истакна дека тој ќе протестира“ против секој таков чекор, ако тој е донесен од страна на владата во Пекинг.

„Прво, таквата одмазда на Кина против Apple нема да се случи, и второ, ако тоа се случи, ќе бидем прв што ќе протестирам“, изјави основачот на Huawei во интервју за Блумберг ТВ, објавено во неделата.

„Apple е мој учител, таа е лидер. Како ученик, зошто треба да одам против мојот учител? Јас никогаш нема да го сторам тоа“, рече Рен Женгфеи.

Во исто време, тој призна дека наметнатите од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп извозни ограничувања ќе ја намали разликата и лидерството на Huawei спрема неговите конкуренти во последниве две години, но додаде дека компанијата или ќе го зголеми производството на процесори, или ќе најде други алтернативи, за да остане на чело на бизнисот со паметни телефони и во изградбата и опремата на мобилните мрежи од петтата генерација (5G).

Коментарите на Женгфеи се факт откако американската банка Goldman Sachs минатата недела даде предвидување дека профитот на Apple може да се намали за околу 29 отсто, 3,35 долари за акција, ако производите на компанијата се забранат во Кина, како одговор на ограничувањата што ги наметна американската влада против Huawei.