Основачот на модната куќа „Манго“ загина во несреќа при планинарење

од Vladimir Zorba
59 прегледи

Основачот на модната куќа „Манго“, Исак Андик (71) загинал во несреќа додека планинарел во околината на Барселона, соопштија денеска извори од компанијата.

Тој се лизнал и паднал во бездна од височина од 150 метри за време на патувањето во пештерите Колбато кај Барселона, каде што отишол со сопругата и синот, објави шпанската ТВ мрежа „Ртве“.

Андик починал на лице место, а на локацијата каде што се случила несреќата биле испратени хеликоптер и единица на планинска спасувачка служба која е задолжена за извлекување на неговото тело.

Слични содржини