Основана фондација во чест на Метју Пери: Ќе се залага за помош на оние кои се борат со зависност

од Stefanija Kuzmanovska
256 прегледи

Актерот Метју Пери почина на 28 октомври на 54-годишна возраст.

Како што пренесува Си-Ен-Ен, пријателите и семејството на починатиот актер во петокот основале фондација која има за цел да им помогне на луѓето кои се борат со зависност.

Фондацијата, наводно, ќе прифаќа донации за да им помогне на поединци кои се борат со зависност.

„Во духот на трајната посветеност на Метју Пери да им помага на другите кои се борат со болеста на зависност, тргнуваме на патување за да го испочитуваме неговото наследство со основање на Фондацијата Метју Пери, водени од неговите сопствени зборови и искуства и водени од неговата страст да направи разлика во што повеќе животи“, стои во соопштението на фондацијата.

Организацијата е спонзорирана и одржувана од јавната добротворна организација National Philantropic Trust.

Слични содржини