42
Несреќен случај во Прилеп го означи почетокот на второто полугодие од оваа учебна година.Ученик од шесто одделение од ОУ „Гоце Делчев“ во градот, преку прозорец од трет спрат паднал во училишниот двор.
Поради тешките повреди, со итна медицинска помош веднаш е префлен во Прилепската болница, а оттаму итно е испратен и хоспитализиран во клиниката за детска хирургија во Скопје.
Констатирано е дека основецот се здобил со скршеници на коската од петицата, како и скршеници на пршлените.
Истрагата ќе ги покаже причините за падот на ученикот.