Основен кривичен суд: Предупредувањата на судот за евентаулани обиди за одолговлекување на предметот „ТНТ“ денеска излегоа на виделина

од Vladimir Zorba
245 прегледи

Предупредувањата на Кривичниот суд за евентаулани притисоци и закани како и обиди за одолговлекување на постапката во предметот „ТНТ“, а за кои Судот побара да бидат преиспитани од надлежните институции, денеска излегоа на виделина, се наведува во соопштението од Основниот кривичен суд Скопје.

Судот, соопштението, го објави веднаш по одложувањето на денешното рочиште за „Т.Н.Т.“ откако еден од членовите на судечкиот совет си дал неотповиклива оставка, а случајот се врати од почеток.

– Судијата – поротник кој изминативе денови беше постојано прозиван, па дури му беше и посочено дека ако се појави во судот прави кривично дело, денеска до судот достави неотповиклива оставка во која наведува дека заради истек на мандат, навршени години и нарушено здравје поднесува оставка. Судот во секој случај ќе ја почитува волјата на судијата – поротник и за истата ќе го извести Судскиот совет, се вели во соопштението од Судот.

Судот, наведува дека согласно неговите Законски надлежности и овластувања, ќе продолжи со постапување по предметот и заради тоа обезбеден е нов поротник како и резервен поротник, а се со цел заштита на правата на обвинетите и оштетените во постапката, почитување на начелото за судење во разумен рок и јавниот интерес за предметот.

– Во тој правец судечкиот совет на одбраната и понуди, доколку не сакаат непотребно да ја одолговлечат постапката, да прифати судењето да почне формално од почеток со читање на доказите заради запознавање на новиот поротник, а без нивно повторно изведување за што веќе има воспоставена пракса со нивните колеги адвокати во предметот на јавноста познат како „Еразмус“, стои во соопштението.

Во интерес на утврдување на фактичката состојба како и правдата и правната држава, Кривичниот суд, се вели во соопштението, продолжува да постапува по сите предмети, се во интерес на странките во постапките, а останува на надлежните институции да се прозинесат околу сите барања и предлози на судот како да се надминат недостатоците во Законите со кои се регулира статусот на судиите – поротници кои ја претставуаат граѓанската одговорност во судските одлуки.

Слични содржини