Основни совети за нега на кожата на високи температури

од Stefanija Kuzmanovska
524 прегледи

Рутината за нега на кожата се менува во зависност од возраста, а топлината дефинитивно значи дека е време за некои полесни креми, но и оние со висок заштитен фактор. Покрај тоа, клучно е да имате добар „чистач“.

Важно е да се грижите за вашето лице секој ден, но овие ритуали се менуваат од сезона во сезона.

Користете заштитен фактор
Дерматолозите се согласуваат дека правилната заштита од УВ е убедливо најважниот чекор во секоја рутина за нега на кожата во текот на целата година, но особено во текот на летото кога деновите се подолги и неизбежно поминувате повеќе време на отворено.

„Заштитен фактор треба да се нанесува секојдневно на изложените места, кои често ги вклучуваат лицето, вратот, градите, ушите и рацете, а особено е важно да се нанесува на секои два часа или порано ако пливате или се потите“, вели др. Мариса Гаршик, дерматолог сертифициран од Њујорк, пишува In Style.

Користете лесни хидратантни креми
Иако во лето повеќе се потиме, кожата сепак треба да се хидрира.

Наместо густи креми, префрлете се на лесна хидратација на база на хијалуронска киселина, која ќе ѝ овозможи на кожата подобро да ја складира влагата во длабоките слоеви.

Чистењето е важно
Бидејќи во текот на летните месеци повеќе се потиме поради активности на отворено, се препорачува добро да го измиете лицето до самиот раб на косата – оваа област обично се занемарува, што може да резултира со појава на акни на рабовите на лицето.

Нежен пилинг е задолжителен
На високи температури и додека повеќе се потиме, добро е да правиме пилинг неколку пати неделно, што ќе ѝ овозможи на кожата подобро да дише. Ова е оптималниот начин за одржување на изедначен тон на кожата, а на овој начин ќе се исончате подобро, без дамки. Подобро е да се користи навечер, особено ако е пилинг со киселини.

Слични содржини