„Осомничени градоначалници“

од desk3
181 прегледи

По кривичните пријави против петтемина поранешни градоначалници кои ги поднесе Управата за финансова полиција, дел од нив велат дека се уште не се запознаени дека против нив се води постапка за нелегални набавки, склучување договори и злоупотреба на службената положба. Поранешниот градоначалник на Струга за ТВ 24 вели дека тој се уште не бил известен за поднесената кривична п
„Јас не знам ништо во врска со тоа. До сега, мене никој не ми јавил, ниту ми кажал. Навистина не сум запознаен со случајот за кој прашувате.“ – рече поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко.
Освен него, во случајот осомничени се и поранешните градоначалници на Струга, Дебар, Свети Николе, и Долнени, меѓутоа тие не беа достапни за коментар. Финансовата пријава, ги поднела кривичните пријави по четиригодишно собирање на докази против осомничените. Пријавите се однесуваат на Злоупотреба на службена положба и Злоупотреба на постапката за јавен повик, доделување на договор за јавнa набавкa или јавно-приватно партнерство. Од обвинителството не откриваат детали – велат се уште се проучуват кривичните пријави.
„Кривичните пријави се проучуваат за донесување на понатамошна јавно обвинителска одлука по истите“. – велат од обвинителството.
Од вкупно петтемина осомничени поранешни градоначалници, тројца се од редовите на ДУИ, меѓутоа од партијата не одговорија на повиците на ТВ 24 за да го прокоментираат случајот.
Инаку, против поранешниот градоначалник на Студеничани, Фати Исени веќе има кривична пријава поради тоа што претходно одбил да го врати багерот, кој општината го добила како донација. Зијадин Села, пак, го обвини поранешниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко за злоупотреби при легализирањето на земјиштето на Меѓународниот универзитет во градот.
Поранешниот градоначалник на Свети Николе, Роберт Ѓоргиев опозицијата го обвини за злоупотреби при јавни набавки за изградба на фонтана, која никогаш не профункционира, а опозицијата му најави кривична пријава./24Вести

Слични содржини