Човекот осомничен за бомбашки напад во францускиот град Лион, каде што 14 лица беа повредени, призна дека направил и инсталирал експлозивна направа. Ова го изјави обвинителот за борба против тероризмот Реми Еиц, цитиран од ДПА.
Уапсен во понеделникот 24-годишен маж рекол пред истражителите дека “во срцето” се заколнал во верност кон групата “Исламска држава”, додаде БНР.
Во врска со нападот, тој беше обвинет со повеќе обвиненија, вклучувајќи обид за убиство.
При претрес во и околу домот на осомничениот биле пронајдени електрични жици, оксигенирана вода, шише со амонијак и хлороводородна киселина, како и траги од импровизирани експлозивни напарави употребени во нападот, соопшти уште Реми Еиц