Еден од осомничените за вмешаност во убиството и ранувањето на неколку лица во петокот вечерта во приштинскиот клуб „Бон Вивант“ е Николај Дукаѓин (40), кој ФБИ го бара за трговија со дрога, објави приштинскиот портал „Коха“.
Дукаѓин е по потекло од Албанија, а познат е и по прекарот „војвода“.
ФБИ во потерницата навела дека Дукаѓин шверцувал големи количини марихуана од 2003 до 2007 година, добивајќи ја од добавувачи во Канада и дистрибуирајќи ја низ Њујорк. По него била распишана потерница во 2010 година, а ФБИ наведува дека се верува дека е вооружен и опасен.
Бирото за истраги на САД ги повикува сите што ја знаат неговата локација да се обратат до најблиската канцеларија на ФБИ, американската амбасада или конзулат.
Во престрелка во приштинскиот факултет едно лице загина, а 17 се ранети, од кои 14 се жени. Тие се повредени од стакло од скршени чаши и шишиња.
Дукаѓин успеал да побегне од местото на настанот.