Осомничениот за протекувањето документи од Пентагон испраќал информации со месеци

од Stefanija Kuzmanovska
139 прегледи

Припадникот на американската воздухопловна Национална гарда, обвинет за протекување доверливи документи на Пентагон, со месеци испраќал чувствителни информации до голема онлајн група, објави „Њујорк Тајмс“, повикувајќи се на онлајн објави во кои имал увид весникот.

Во февруари 2022 година, веднаш по рускиот напад врз Украина, корисник кој одговара на профилот на осомничениот Џек Тешеира (21) почнал да поставува на интернет чувствителни доверливи информации за руските воени напори, на група за разговор на социјалната платформа Дискорд, во која имало 600 членови.

Слични содржини