Осомничениот за убиството на трудницата во Приштина изврши самоубиство

од Stefanija Kuzmanovska
244 прегледи

Министерот за внатрешни работи на Косово, Џељаљ Свечља, соопшти дека осомничениот за убиството на трудницата во дворот на Гинеколошката клиника во Приштина, се самоубил.

Свечља преку објава на Фејсбук наведе дека полицијата го лоцирала осомничениот за убиството на трудницата во дворот на Гинеколошката клиника во Приштина. Но, како што додава во соопштението, Сокол Хаљиљи не сакал да се предаде и се самоубил.

„По интензивната работа на сите единици на косовската полиција, го лоциравме убиецот Сокол Хаљиљи. И покрај обидот на полициските службеници да преговараат за предавање, тој се самоуби. Косовската полиција и косовскиот полициски инспекторат ќе ја продолжат истрагата со цел да се откријат сите околности за убиство на трудницата и самоубиството“, напиша Свечља.

Слични содржини