„Останува силен“: Американската амбасадорка го посети новинарот на Волстрит журнал во затвор во Москва

од Stefanija Kuzmanovska
170 прегледи

Американската амбасадорка во Русија, Лин Трејси, денеска за првпат го посети новинарот на „Волстрит журнал“, Еван Гершкович, во затворот Лефортово во Москва.

„Ова е првпат да ни биде дозволен пристап откако тој беше неправедно приведен пред повеќе од две недели. Тој е во добра здравствена состојба и останува силен. Го повторуваме повикот за негово итно ослободување“, напиша Трејси на Твитер, пренесе „Гласот на Америка“.

Американскиот репортер Гершкович утре ќе поднесе жалба против неговото апсење и притворање во московски затвор под обвинение за наводна шпионажа, се наведува во судските документи.

Слични содржини