Останувам на ставот дека одлуката на Советот на Центар беше најисправна, вели Богдановиќ

од Берта Китинска
385 прегледи

Градоначалникот на Општина Центар, Саша Богдановиќ изјави дека со добиеното мислење од Министерството за транспорт и врски излегува дека тврдењата на општината се неоправдани, но оти како општина ќе се потрудат со сите законски можности што им се на располагање, да ја спроведат политиката што ја наметаа и за другите донесени планови.

–Нашето мислење го искажавме со елаборати, но во законот пишува дека треба да добиете мислење од Министерството за транспорт и врски. Нормално за ова одлучува донесувачот на планот, а тоа е Советот на општина Центар. Општина Центар ќе се потруди со сите законски можности, колку што може повеќе, да ја спроведува својата политика што ја има наметната и во изминатите донесени планови, рече Богдановиќ во централниот дневник на телевизија „Сител“.

Тој нагласи дека останува на ставот оти одлуката на Советот на општината била најисправна, но оти овој пат, како што рече, за жал, зависни се од други институции.

Слични содржини