Атлетико Мадрид сака да го задржи напаѓачот Алваро Мората и покрај интересот од Манчестер Јунајтед. Англискиот клуб се наоѓа во тежок период и со оглед на неизвесноста околу иднината на португалската ѕвезда Кристијано Роналдо и неколкуте опции во нападот, сака да го засили нападот.
Пред два дена се појави информација дека за да го одбие интересот на островјаните, „Рохибланкос“ за играчот поставил цена од 35 милиони евра. Сега Фабрицио Романо додава дека клубот по секоја цена сака да го задржи Мората и најверојатно ќе одбие дури и понуда од сличен калибар.
Мората последните две сезони ги помина на позајмица во Јувентус. Напаѓачот има договор со гигантите од Мадрид до јуни 2023 година. Алваро Мората со Јувентус на 67 натпревари во Серија А забележа 20 гола и 16 асистенции.