Остар чекор: Холандија забрани влез на двајца израелски ултрадесничарски министри

од desk2
29 прегледи

Холандија, откако викендов го вклучи Израел на својата листа на странски држави кои претставуваат закана за земјата, презема уште еден чекор на осуда на израелската воена акција и изгладнувањето на Палестинците во Газа – го забрани влезот на двајца израелски министри – ултрадесничари.

Холандската влада, исто така, ќе го повика израелскиот амбасадор за да ја „осуди неподносливата и неодбранлива ситуација во Газа“.

Забрана за влез во Холандија е изречена за израелските министри Итамар Бен Гвир и Безалел Смотрич, под обвинување за постојано поттикнување насилство над Палестинците и повикување на „етничко чистење“ на Појасот Газа.

Слични чекори досега преземаа Велика Британија, Канада, Австралија, Нов Зеланд и Норвешка.

Шок од Хаг: Холандија го означи Израел како закана за националната безбедност