230
Пет балистички ракети истрелани од кинеската војска во правец на Тајван паднаа во ексклузивната економска зона на Јапонија (ЕЕЗ), објави новинската агенција Кјодо.
Поради ова Јапонија упати силен протест до Кина, соопшти јапонската агенција, повикувајќи се на министерството за надворешни работи на Јапонија.
Јапонскиот министер за одбрана Нобуо Киши изјави дека ова е првпат балистичка ракета на кинеската војска да заврши во тие води.
– Ова е сериозен проблем за националната безбедност на нашата земја и безбедноста на граѓаните – рече Киши.
Ексклузивната економска зона се протега на 200 наутички милји од надворешните граници на територијалните води на Јапонија.