255
Покрај директорот на тетовската болница, оставка си поднесе и Артан Етеми, економскиот директор на болницата.
„Чувствувајќи ја длабоката болка од трагедијата што се случи во модуларниот центар во Тетово, каде што бев и лично присутен, од тажните слики што ги доживеав извлекувајќи ги со свои раце телата на жртвите, во својство на економски директор ја давам мојата оставка од оваа позиција од морален чин“, напиша Етеми.
Tој нагласи дека верува на принципот дека истражните тела и меѓународно ангажираните експерти ќе ја откријат вистинската причина за тоа како настанала трагедијата што се случи во модуларниот центар и која ги скрши нашите срца.
-Ја споделувам болката со роднините на жртвите, објави Етеми.
Неговата оставка доаѓа кратко по оставката на директорот Флорин Бесими.