„Филипче беше дел од длабоко корумпирана мрежа која ги претвори тендерите во валута за наградување на партиски поданици. Неговото министерствување не беше само неуспешно, туку ја стави здравствената грижа на продажба, каде што милионски тендери се делеа како политички подароци, додека здравјето на луѓето го стави на чекање“, соопштија денеска од ВМРО-ДПМНЕ.
„Однесувањето на Филипче е вистински пример за злоупотреба на власта. Кога ја постави Ирина Пановска за директорка на Клиниката за хематологија, Пановска не беше само директорка, туку и главен канал за доделување тендери на фирмата Д-р Пановски – приватна фирма во сопственост на нејзиниот татко.
Филипче направи брутален судир на интереси, дозволи државна институција годишно преку ќерката назначена за директор да доделува милионски тендери на фирмата на нејзиниот татко. Татко-веледрогерист, ќерка-директор.
Овој случај не е изолиран. Овој случај се вклопува во пошироката шема на клиентелизам и непотизам што го одбележа мандатот на Филипче. Таа негова пракса на фаворизирање на фирми преку милионски тендери доведе до колапс, а институциите станаа банкомати за него и неговиот избран круг.
Наместо да се посвети на важните проблеми, преку мрежа на корпуција Филипче го крахираше здравството, и заедно со останатите челници на СДС ги пљачкаа државните ресурси, и ги оставија граѓаните да чекаат со години за најосновни услуги. Оваа мрежа на интереси, замотана во институционална тишина, претставува најсилен удар врз народот.
Под маската на “технократ“, Филипче во суштина беше играч на банда која си поддаваше тендери користејќи го пинг-понг ефектот. Овие тендери беа само мал дел од системот на СДС, каде партиските лојалности доаѓаа пред добробитот на граѓаните.
Дали сега кога Филипче е во опозиција, одлучи да се појави како загрижен играч за проблемите во здравството? Граѓаните добро знаат кој го донесе здравствениот систем на колена и дека тоа е директна последица на неговото неспособно и корумпирано управување. Дали тој самиот се нуди како решение за политиките кои тој ги креираше и до каде оди оваа негова хипокризија?
Наместо да се извини за штетите кои им ги направи на граѓаните, Филипче повторно се бори за нови тендери и се промовира како алтернатива, а нема ни морален ни институционален кредибилитет. Некој како Филипче, кој беше еден од тендерџиите кои го компромитираа јавното здравје, нема кредибилитет повторно да се стреми кон позиција на моќ.
Неговата оставка не треба да биде негова лична одлука, таа е долг кон народот, кој премногу долго ја плаќа цената на неговите одлуки.
Марионетата на Заев, наместениот претседател на СДС, Венко Филипче има огромна поддршка од Заев заради нивното минато.
Минатото на Заев и Филипче, за жал продолжува во сегашноста преку потрчкото на Заев, Филипче, кој сега го глуми Заев во СДС.
Заев не може да се откаже од Филипче, бидејќи тој во сегашноста му ги води политиките, а во минатото, тендерите.
Да ја потсетиме македонската јавност, дека Филипче беше фатен во „Крвави тендери’’, вредни 35 милиони евра. За среќа на македонската јавност, ВМРО-ДПМНЕ, јавноста и медиумите го спречија ова.
Инаку, тендерот ќе завршеше во рацете на фирма со име АХР ЛАБ, која беше без корпоративна електронска пошта, односно нејзиниот меил беше жути@јаху .
Заев и Филипче треба да бидат минато на политичката сцена, а не Заев да го промовира Филипче како ново лице во СДС.
Заев и Филипче се директни виновници за сите работи заради кои тоневме како држава. ВМРО-ДПМНЕ нема да го дозволи веќе тоа изживување на институциите и државата. Време е за одговорност и правда!“, велат од Центарот за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ.