Оставката на Милевски доставена до Собранието

од Берта Китинска
182 прегледи

Оставката на министерот за локална самоуправа Горан Милевски е веќе доставена до пратениците откако владата денеска ја испрати до Собранието.

Од законодавниот дом информираат дека дополнително ќе известат на која седница ќе биде констатирана оставката на Милевски.

Милевски по својата оставка кажа дека е време за промени.

-После 3 годишното извршување на функцијата министер за локална самоуправа сметам дека е време за промени и на ова место да дојде друг кадар од ЛДП, изјави претходно за „Локално“, Милевски .

Според информациите од Либерално-демократската партија, за ова министерско место ќе биде предложен Ристо Пенов за кого се уште не е пристигнат предлог во Собранието.

Слични содржини