Остин јавно се извини што криел дека има рак

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

Американскиот министер за одбрана Лојд Остин денеска јавно се извини што криел дека боледува од рак на простата и дека е во болница, случај што предизвика критики во земјата.

„Сакам да бидам многу јасен, не се снајдовме како што треба, јас не управував со ситуацијата како што треба. Требаше да го известам претседателот за мојата дијагноза за рак. Требаше да му кажам и на мојот тим и на американскиот народ и ја преземам целосната одговорност за тоа. Им се извинувам на моите колеги и на американскиот народ“, наведе тој на прес-конференција.

Додаде дека сака многу јасно да стави до знаење дека нема прекршување на овластувањата или ризик за командата и контролата на министерството со кое раководи.

Остин беше жестоко критикуван по откритијата дека неодамна бил лекуван во болница и дека неговиот здравствен проблем се чувал во тајност, спротивно на протоколите за лицата кои се на функција.

Слични содржини