Остранета златната статуа на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху

од Vladimir Zorba
88 прегледи

Статуата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанијаху, наречена „Кралот Биби“, што беше на диво поставена на главниот плоштад „Јицак Рабин“ во Тел Авив, е отстраренета по наредба на градските власти, а под притисок на владините министри, јавија изралските весници.

Статуата од лесни материјали во природна големина на Бенјамин „Биби“ Нетанијаху прелиена во „злато“ и поставена на бел пиедестал, била подигната во текот на минатата ноќ.

People carry a statue of Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu, which was created by Israeli sculptor Itay Zalait as a political protest against Netanyahu, as it is taken away by the artist from a square outside Tel Aviv's city hall, Israel December 6, 2016. REUTERS/Baz Ratnerr

People carry a statue of Israeli Prime Minister Benjamin Netanyahu, which was created by Israeli sculptor Itay Zalait as a political protest against Netanyahu, as it is taken away by the artist from a square outside Tel Aviv’s city hall, Israel December 6, 2016. REUTERS/Baz Ratnerr

Утринава „кралската статуа“ предизвикала збунетост кај жителите на градот, а потоа стана место за селфи фотографии на насобраните луѓе.

Биби е прекарот на Нетанијаху уште од времето кога бил млад, а од пред извесно време тој е дополнет со „кралот Биби“ и ваквата промена им е добро позната на сите Израелци.

Создаден е од критичарите и противниците на неговата власт кои според весниците, најдобро ги прикажуваат „империјалните тенценции“ на Нетанијаху како премиер во политиката што ја води, но и во начинот на кој приватно живее.

Кртичарите го обвинуваат дека целото негово домаќинство било полно со „дворјани“.

Авторот на статуата, скулпторот и ликовен сликар Итај Залаит смета дека неговото дело претставува „сатиризација“ на премиерот и на повеќе од десетте години што „Биби“ ги мина како премиер.

Министерот за култура Мири Рагев, меѓутоа, остро го критикуваше ваквиот потег на уметникот, нарекувајќи го „герилска улична инсталација“.

Сите други членови на Владата „златната“ статуа на „лажниот крал“ ја оквалификуваа како навреда за премиерот и за неговата функција.

Залаит тврди дека станува збор за „експресија на омразата и незадоволството“ на Израелците кон премиерот, нагласувајќи дека сепак статуата значи само хумор и сарказам на една политичка состојба.

Градските власти му се заканија дека ако самиот не ја тргне статуата, ќе биде казнет, па златниот „крал Биби“ беше симнат од пиедесталот и пренесне во ателјето на уметникот Залаит.

– Сакав само да го привлечам вниманието на медиумите, а посебно на социјалните мрежи и успеав во тоа, изјави уметникот за весникот „Хаарец“.

Анкетата шти ја направил весникот открива дека повеќето од жителите на Тел Авив ја разбираат иронијата на Залаит и го подржуваат.

Локацијата за статуата не е случајна, затоа што плоштадот „Јицак Рабин“ порано се нарекувал плоштад на „Еврејските кралеви“. Уметникот објаснува дека нема подобро место за „кралот Биби“ од ова локација./МИА