По долга политичка неактивност, Гзим Острени е повторно во фокусот на политичките случувања во Република Македонија-пишува Призма. Поранешниот висок функционер на Демократската унија за интеграција, десна рака на Али Ахмети, неодамна ја напушти својата матична партија и ја формираше новата граѓанска опција која го носи името „Унитети“.

„Кога почувствував дека не се исполнуваат идеалите и причините поради кои ние се боревме во 2001 и до 2006, заклучив дека е потребно да се креира нова партија. Исто така констатирав дека мојата матична партија нема капацитет да се реорганизира и дека го има изгубено чувството за развој на демократијата во Македонија.“
„ДУИ е вазал на ВМРО-ДПМНЕ. За ДПА не би ни сакал да разговарам, нивниот претседател самиот рече дека до смрт му е верен на Сашо Мијалков“, остар е во оценките Острени и најавува дека новата партија „Унитети” ќе се базира на граѓански концепт и на идејата дека сите граѓани треба да бидат еднакви.
Повеќе ТУКА