Мексико е дестинација која сите ја познаваат со наследството на Маите и плажите на Канкун. Но, малкумина знаат дека Мексико е огромна ризница на природни резервати, музеи со исклучително вредни збирки, дом на светски признати уметници и културни заедници кои живеат како да се “замрзнати” некаде далеку назад во времето.

Во Мексико е и познатиот остров на куклите. Порано едно мало девојче кое живеело со својот дедо на островот починало. После неколку дена на истиот остров морето донела кукла која многу личела на девојчето. Но тоа не била едиствената кукла која стигнала од морето. Дедото ги собирал сите кукли и ги закачувал насекаде на островот. Сега островот е атракција во Мексико. Луѓе одат на тој остров и закачуваат кукли. Сега се мисли дека тој остров е проколнат заедно со првата кукла која е дел од атракцијата.