🎥Остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН

од Vladimir Zorba
316 прегледи

Денеска беше остварена средба помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и ВЛЕН. Од страна на ВМРО-ДПМНЕ биле присутни претседателот Христијан Мицкоски, потпретседателите Александар Николоски, Владо Мисајловски, Тимчо Муцунски и Гордана Кочоска Димитриеска, како и шефот на кабинет на претседателот Владимир Нелоски, од страна не ВЛЕН присутни биле Арбен Таравари, Изет Меџити, Биљал Касами и Африм Гаши.

Од ВМРО – ДПМНЕ соопштија дека се договорени општите начела на соработка за идната влада, која ќе се базира на три постулати: евроинтеграции, забрзан економски развој, борба против криминалот и корупцијата и владеење на правото.

– Заклучено е дека двете страни ќе формираат работни групи, на кое ниво ќе продолжат разговорите до нивно финализирање, се вели во соопштението од ВМРО – ДПМНЕ.

Слични содржини