Старлетата Ким Кардашијан минала низ низа непријатности поради манијак, кој сега е осуден. Имено, адвокатскиот тим на Ким вчера се појави на суд кога против Андре Персо беше издадена забрана за приближување.
Нему му е забрането да контактира со Ким и мора да држи растојание од најмалку 100 метри од неа во следните пет години.
Според правните документи до кои дојде TMZ, Персо во август минатата година провалил во домот на Ким Кардашијан најмалку три пати. Старлетата рече дека никогаш не го сретнала Персо, но била загрижена дека тоа би можело да прерасне во физичко насилство, особено со оглед на фактот дека Персо наводно се заканувал дека ќе биде вооружен.
Персо ја вознемирувал Ким и на социјалните мрежи, инсистирајќи дека тој може да комуницира со неа телепатски.