52
Затвореник се обидел да ограби обложувалница откако бил пуштен на викенд, информираат од МВР.
Според полицијата, се работи за 43-годишниот Д.С. од Гостивар.
„Тој се сомничи дека околу 16.45 часот со закана се обидел да одземе пари од спортска обложувалница на подрачјето на Центар во Скопје“, велат од МВР.
Тој бил приведен во полициска станица и при преглед кај него била пронајдена и одземена марихуана.
„Исто така, било констатирано дека Д.С. издржувал казна затвор во Казнено – поправната установа Затвор Идризово – отворено одделение Велес и бил пуштен на викенд отсуство. Лицето било спроведено во установата, а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава“, соопштија од МВР.