Осум лица се повредени во сообраќајна незгода на патот „Гостивар – Тетово“

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

од Vladimir Zorba
24 прегледи Фото: Фејсбук профил на МВР

Осум лица се повредени во сообраќајна незгода што се случила синоќа околу 20:05 часот на патниот правец Гостивар – Тетово, кај клучката за излез кон селото Камењане.

Во сообраќајната незгода учествувале патничко возило „Мерцедес“ со австриски регистарски ознаки и патничко возило „БМВ“ со тетовски регистарски ознаки.

-Во незгодата со повреди се здобиле осум лица кои со возила на итна медицинска помош се пренесени во Клинички центар Тетово, информира СВР Тетово.

Поради вршење на увид, сообраќајот синоќа до 23:00 часот се одвиваше по една коловозна лента.