158
Во текот на изминатите 24 часа регистрирани се 8 починати лица од коронавирус, покажуваат податоците на Институтот за јавно здравје, објавија од Министерството за здравство.
Црниот биланс по градови изнесува по 2 починати лица од Скопје (81г и 86г) и Битола (65г и 66г) и по едно починато лице од Прилеп (45г), Охрид (69г), Струмица (68г) и Валандово (72г). Пријавените лица се починати во болнички услови.
Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 239.920, бројот на оздравени пациенти е 217.305, на починати е 8.070, а бројот на активни случаи изнесува 14.545.