Министерството за здравство извести дека во земјава во последните 24 часа се направени 2.161 тестирања, и притоа се регистрирани 314 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 179, Кавадарци – 17, Прилеп – 16, Велес – 12, Охрид – 11, Тетово – 10, Битола – 7, Делчево – 6, Гевгелија и Неготино – по 5 во секој град, Куманово, Гостивар, Струмица, Струга, Радовиш, Демир Хисар и Демир Капија – по 4, Кичево и Крушево – по 3, Штип, Свети Николе и Крива Паланка – по 2, Ресен, Пробиштип, Виница, Валандово, Кратово и Дојран – по 1.
Пријавени се вкупно 8 починати лица. Починати се по 2 пациенти од Куманово (73 г. и 81 г.) и од Охрид (55 г. и 85 г.) и по еден смртен случај е регистриран од Скопје (80 г.), Велес (54 г.), Струмица (80 г.) и Берово (84 г.). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Од почетокот на пандемијата, во земјава се направени вкупно 466.118 тестирања за ковид-19, вкупната бројка на дијагностицирани лица изнесува 94.196, бројката на оздравени пациенти е 83.634, на починати е 2.908. Бројот на активни случаи во моментов изнесува 7.654.