Осум лица се здобиле со лесни телесни повреди во три од вкупно пет сообраќајни незгоди што се случиле изминатото деноноќие на подрачјето на Град Скопје. Во две сообраќајни незгоди е причинета материјална штета.
![]()
Од сообраќај, според податоците на СВР Скопје, полицијата исклучила двајца возачи кои управувале возило под дејство на алкохол, пет возачи пред да се стекнат со право на управување моторно возило и четири возила нерегистрирани.
Со специјалното возило „пајак“ подигнати се 77 возила.
Санкциониран е и еден возач кој поминал крстосница на црвено светло.